ТРГО КОЖА
компанија со висок квалитет

ЗА НАС

ПРОИЗВОДСТВО ОД 1938

Трго Кожа

 Од многу одамна кога градот на конзулите „Битола„ се развиваше од занаетчиските работи, своето семејство од занаетчиството од 1938 година го издржуваше и Томе Талевски – познатиот чевлар„ чичко Томе„.

Убаво е кога си ја сакаш работата и кога со љубов зборуваш за она што го имаш преживеано како искуство.Со положениот мајсторски испит и неговата посветеност во работата задоволуваше голем број на клиенти кои што и ден денес го споменуваат.Не бил себичен и сето тоа искуство го пренел на идните поколенија кои верно и дисциплинирано го исполнуваат.

Важно е да се знае со што се работи, тоа е и нашата цел „Природно преработени материјали кои што нема да бидат штетни за луѓето  и животната средина„.

 

Ако од менување на топуци и ѓонови , лепење на чевли, рачно изработување на калапи за истите,можеме да стигнеме до тоа ниво каде со помош на напредната технологија ќе го изработиме нашиот финален производ  – кожни чевли и сандали- со рачна изработка, тогаш зошто не би можеле оваа приказна за нашата традиција да ја споделиме со вас.

Убаво би било кога би ги имале, но уште поубаво чувство ќе имате кога ќе ги носите.Различни кожни дезени во бои какви вие што сакате , повеќе модели на располагање – вашите желби –  ние само ги исполнуваме.

ТРГО КОЖА

Производи

ТРГО КОЖА

Производство

Чевлата е како куќа, таа има своја конструкција, и треба да го издржи товарот на оној кој ја носи. А во исто време, треба да биде удобна и пријатна за носење. Се надевам дека направивме идеална комбинација на современ дизајн, одличен квалитет и неверојатен комфор.

Со овие природни матријали се започнува рачно производство на кожни чевли и сандали.Вложен е голем труд, прегледан секој елемент на производот, за на крај да го добиеме она што секој производител и трговец го посакува ЗАДОВОЛНИ КУПУВАЧИ.
трго кожа

Email

trgokozadva@t.mk

телефон

+389 78 428 431

Адреса

ул. 15ти Мај број 5 7000 Битола

Трго Кожа

+ 0
Женски Обувки
+ 0
машки обувки

КОМПАНИЈА СО ВИСОК КВАЛИТЕТ​